Рајан Гослинг смисли незаборавна прослава за режисерката на „Барби“, Грета Гервиг, за да го одбележи нејзиниот роденден . Подарокот на актерот вклучуваше група Барбики и Кени кои ја развеселија режисерката на нејзиниот роденден.
На официјалниот Инстаграм-профил на филмот „Барби“ има видео на кое се гледа како Гервиг прекинува со вежбање пилатес откако танчери упаѓаат во просторијата и почнуваат да танцуваат на песна од филмот.
Режисерката на „Барби“ наполни 40 години минатиот петок и доживеа шок на часот по пилатес кога група танчери се појавија и почнаа да танцуваат на песната ‘I’m Just Ken’ – песна што ја пее Гослинг како Кен во филмот.
На видеото се гледа како Грета се кикоти и го стега лицето со рацете кога група Барби-танчерки почнуваат да танцуваат на песната Dance the Night на Дуа Липа, прикажана во филмот.
Клипот беше објавен на официјалната Инстаграм-страница на „Барби“ со објаснување: „Како што знаат сите Кени… Понекогаш единствениот начин да ги изразите вашите чувства е преку песна и танц!“