(Видео) Рами Малек освои Оскар, па падна од сцената

Американскиот глумец Рами Малек доби Оскар за најдобра машка улога во филмот „Боемска рапсодија“, во кој го глумеше легендарниот пејач на групата „Квин“, Фреди Меркјури. Откако беше прогласен за најдобар глумец, тој им се заблагодари на сите вклучени во снимањето и враќајќи се назад, падна од сцената. Глумецот не се повреди, но организаторите повикаа медицинска екипа за да го прегледа.

„Имав измешани чувства додека го читав сценариото. Во еден момент мислев дека ќе ми го промени животот и кариерата, а во друг момент си помислував дека оваа улога ќе ме уништи како актер“, рече Малек во говорот.

Малек на крајот на церемонијата се сликаше со сите останати добитници на Оскарите, ама не сакаше да го коментира падот.

Scroll to Top