(Видео) Раперот Кели удри фан на концерт во Белгија

Пејачот Кели му удри шлаканица на еден од фановте на фестивалот „Рох Верхтер“ во Белгија. Пејачот го удрил откако овој го побарал тоа од него. Маркос Сид де ла Паз од Мексико носел знак на кој пишувало дека сака пејачот да го удри во лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by the gunner (@machinegunkelly)

„Поради тебе дојдов од Мексико, удри ме во лице“, пишувало на знакот, а Кели потоа му рече дека може да го боли затоа што носел прстени.

Откако го удри, Маркос го објави видеото на „Инстаграм“ и рече дека му се исполнил сонот.

Фановите се пошегуваат на негова сметка и му коментираа дека тоа намерно го направил за утре да може да поднесе тужба и да го добие Кели, а потоа со парите ќе го купел Мексико.

„Утре ќе поднесе тужба и ќе го купи Мексико. Ќе им каже на внуците за овој момент“, биле некои од коментарите. Видеото за само еден ден собра над 200.000 лајкови.

Scroll to Top