(Видео) Роби Вилијамс настапи во „X-фактор“, со бендот Take That

Британскиот пејач Роби Вилијамс повторно го обедини бендот Take That со кого и ја започна неговата музичка кариера. Групата имаше заеднички настап за време на финалната вечер на британскиот „Х-Фактор“.

Вилијамс кој во шоуто се тргна од местото на судија во тековната сезона, реши повторно да му се приклучи на бендот со цел да го одбележат 30 годишното постоење.

Во групата покрај Марк Овен, Хаувард Доналд кој исто така е познат како член на жирито во шоуто и Герли Барло, се приклучи и Роби Вилијамс. Сите беа облечени во бели костими и настапија со песните Shine и Everyting Changes.

Бендот кој Вилијамс го напушти во 1995 година и премина во соло кариера, во неколку наврати се распаѓаше и повторно обединуваше. Откако се обединија во 2006 година, музичарите снимија пет студиски албуми.

Роби повторно се врати во бендот во 2010 година, кога го снимија албумот „Прогрес“.  Музичарите повторно се разделија, а нивното повторно обединување се случи во 2014 година, но повторно без Роби Вилијамс.

Scroll to Top