(Видео) „Ролинг Стоунс“ го одржа првиот концерт по смртта на тапанарот Чарли Вотс

Култниот бенд „Ролинг стоунс“ вчеравечер одржа концерт пред 300 луѓе на стадионот во Масачусетс, прв по смртта на нивниот долгогодишен тапанар Чарли Вотс. Мик Џегер рече дека овој концерт е посветен на Вотс, кој почина минатиот месец на 80 години. Групата во тоа време имаше проби во Бостон, а поради ограничувањата за патувања поврзани со пандемијата никој од членовите не можеше да присуствува на погребот на тапанарот во Англија.

„Ова е тажна ноќ за нас, тргнуваме на прва турнеја во последните 59 години без нашиот сакан Чарли. Многу ќе ни недостига, на сцената и надвор од неа. Имаме толку многу сеќавања за него“, рече Џегер.

„Чарли, се молиме за тебе и свириме за тебе“, додаде гитаристот Рони Вуд.

Вотс свиреше со „Ролинг стоунс“ од 1963 година. Сега наместо него, на тапани ќе свири Стив Џордан, кој соработува со бендот од 1980-тите години.

Го победи ракот на грлото, се степа со Мик Џегер и 50 години сакаше иста жена – Животната приказна на Чарли Вотс, тапанарот на „Ролинг Стоунс“

Scroll to Top