(Видео) Роналдо го учи Ѓоковиќ да скока

Кристијано Роналдо на „Инстаграм“ објави видео со Новак Ѓоковиќ, па се пофали дека тренирале. „Го учам Новак како да скока. Беше задоволство да те видам и да тренирам со тебе, пријателе“, напиша Роналдо на видеото. Овој коментар е откако Роналдо, кој е висок 187 сантиметри, скокна на висина од 256 сантиметри и даде гол за „Јувентус“.

Новак во моментов се подготвува за почетокот на новата тениска сезона, која ќе ја почне со учество на АТП купот. Во италијанското фудбалско првенство, пак, почна зимската пауза, а Роналдо на терен ќе се врати на 6 јануари кога неговиот клуб ќе го пречека „Каљари“.

Scroll to Top