(Видео) Роналдо се разголе, сам ја рекламира својата долна облека

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо самиот ја рекламира својата нова линија долна облека. 34-годишниот напаѓач на „Јувентус“ смета дека никој не може да ја промовира подобро неговата долна облека од линијата „КР7“. Тој сподели неколку слики и видеа од фотосесијата на социјалните мрежи.

„Летото е  мојот омилен дел од годината. Заоѓањето на сонцето е мојот најомилен момент. Тоа чувство сакав да го забележам и во новата кампања, па користевме интензивни бои и за облеката и за сликањето. Сакав кампањата да одава чувство на опуштеност“, рекол Роналдо.

Кристијано често пати прифаќа модни ангажмани. Тој долги години одлично заработува од реклами, а само лани заработил 47 милиони долари од спонзорските договори.

Scroll to Top