(Видео) Роналдо во најлоша реклама досега

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо,  еден од најплатените спортисти во светот, сними необична реклама која стана предмет на потсмев. Португалецот во Јувентус зема 31 милиони евра годишно, заработува пари и од неговиот бренд, но исто така работи и со големи компании што ги рекламира. Можеби затоа и ги збуни луѓето откако се појави во реклама за азиска платформа за трговија преку интернет.
Фудбалерот за оваа потреба сними и прилично необично видео, во кое на крајот танцува во мелодијата
на детската песна „Baby Shark“.
Бројни обожаватели на социјалните мрежи не го прифатија најдобро ова видео, а за многумина тоа е
„една од најлошите реклами досега“.

Scroll to Top