Меган Маркл беше гостинка во шоуто на американската водителка Елен Деџенерес. Елен објави кратко видео од разговорот, во кој тие зборуваа за почетоците на кариерата на Меган и периодот пред таа да го запознае Хари.
Меган ѝ рече дека поради аудициите што ги имала, често доаѓала во зградата на Warner Bros, каде што сега го снимаат шоуто и дека на паркингот се криела во багажникот на стар „форд“ со расипани брави. Таа се криела за да се спаси од фановите што ја преплавиле и често ѝ приоѓале да ѝ посакаат среќа.
„Ќе паркирав некаде на некое ќоше и ќе го отворен багажникот. Ќе влезев во него и потоа ќе лазев преку седиштата“, рече Меган низ смеа и додаде дека кога ќе ја фателе, таа се преправала дека пребарува нешто во багажникот.