(Видео) Се омажи Ники Минаж

Американската пејачка Ники Минаж вчера се омажи за своето момче, раперот Кенет  Пети – Зу, со кого беше во врска една година. Веста за венчавката ја објави 36-годишната пејачка на „Инстаграм“.  Таа сподели видео на кое го напиша датумот на венчавката и откри дека сега нејзиното целосно име е Оника Тања Марај Пети.

Пејачката, која е позната по хитот „Анаконда“ и соработката со голем број музички ѕвезди, неодамна во интервју изјави дека планира да се откаже од музиката и да се посвети на себе, затоа што сака да има деца.

Scroll to Top