Холивудската глумица Хелен Хант утрово е итно пренесена во болница откако доживеа сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во Лос Анџелес, кога во нејзината кола удрило друго возило, па нејзината кола се превртела на кровот. Видеото од несреќата го снимиле сугурносни камери, а ги објави порталот „Ти-ем-зи“.
Според медиумите, глумицата била сама во автомобилот кога се случила несреќата. Таа потоа со брза помош била однсена во болница, оти се жалела на силни болки. Хант била свесна и во стабилна состојба.