(Видео) Се сруши приватниот авион на Пинк

Приватниот авион на светската музичка ѕвезда Пинк се урнал ноќеска додека слетувал на аеродромот Архус во Данска, пренесува „Метро“. Во него биле членовите на екипажот и менаџерот на пејачката, но Пинк не била во авионот. Никој не е повреден во несреќата.

На видеото што е објавено на „Јутјуб“ се гледа како пожарникарите брзаат кон местото на несреќата за да го изгасат пожарот и да им помогнат на патниците. Според данските медиуми, приватната „цесна 560XL“ летала од Норвешка. Авионот почнал да гори неколку минути пред слетувањето. Благодарение на пилотите, патниците имале среќа и никој од десеттемина луѓе во авионот не е повреден.

Инаку, Пинк ќе одржи концерт на стадионот Каса Арена во Данка утре (7 август). Таа засега не се огласи во јавноста по повод несреќата.

Scroll to Top