(Видео) Се запали имотот на Бијонсе и Џеј Зи во Њу Орлеанс

Домот на музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј Зи во елитната населба Гарденс во Њу Орлеанс речиси целосно изгоре во пожар. За сега не се знае од што се запали шпанско-барокната палата вредна 2,4 милиона долари.

Сведоци велат дека биле потребни 22 пожарникари и повеќе од два часа за да се спречи ширењето на пожарот. Обемот на штетата сѐ уште не е познат, но голем дел од куќата изгорел. пишуваат американските медиуми. Тие се повикуваат на очевидци, кои велат дека работите можеле да бидат многу полоши, но, за среќа, пожарникарната служба реагирала бргу.

Популарниот рапер и продуцент и пејачката во моментот на пожарот не биле во куќата.

Scroll to Top