(Видео) Серена Вилијамс креираше фустан што одговара на секој облик на телото

Светската тенисерка Серена Вилијамс неодамна откри дека има нова страст – моден дизајн. Таа веќе креираше фустан за кој вели дека ѝ прилега на секоја жена, без оглед на нејзиниот облик на телото. Видеото каде жени со различна градба го носат фустанот на Серена, тенисерката го сподели на социјалните мрежи. Станува збор за класичен фустан со средна должина, V-изрез и се врзува околу половината.

„Никој на светов не изгледа исто и нема исто тело, па затоа посакав да дизајнирам парче што ќе им прилега на сите. Сите сме различни луѓе со различни специфичности и особини. Кој е подобар начин да се покаже фустанот за сечие тело од оној да се облече на сите типови тело“, вели Серена во промотивното видео.

Според американските медиуми, фустанот на тенисерката е хит и одлично се продава.

 

Scroll to Top