Тенисерката Серена Вилијамс во својата најнова реклама, која е дел од кампањата Sisters in sweat, ја потенцира моќта на жените, а ѝ се обраќа на својата ќерка.
„Девојче мое, нема да ми пречи доколку лошо играш тенис, но те молам во оваа игра наречена живот, секогаш продолжи да играш без разлика на околностите. Како што направи и со мене, спортот ќе те научи да бидеш силна. Понекогаш ќе освоиш поени, а понекогаш нема. Важно е да работиш напорно и да го кажеш својот став на секое поле кое ќе го одбереш како играч“, вели Серена.