(Видео) Сестрата на Мараја Кери шокираше со објава на социјалните мрежи: „Живеам без заби, бидејќи немам пари“

Пејачката Мараја Кери веќе некое време не е во добри односи со нејзината постара сестра Алисон Кери.

Алисон има 61 година и сега се огласи на социјалните мрежи.

„Јас сум Алисон Кери и за жал живеам без заби. Не успеав да ги заменам. Посакувам да можам да ги заменам, но едноставно немам пари и така стојат работите. Речиси е невозможно да се направат некои работи без заби. Тоа е се што навистина имам да кажам“, вели таа во видеото кое се шири на социјалните мрежи, пренесува Мирор.

@didyoucatchthis Alison Carey Updates Public, Says “She Can’t Afford Teeth”. #mariahcarey #foryou #xyzbca #trending ♬ original sound – Did You Catch This?

Сестрите пред нешто повеќе од две години завршија на суд.

Имено, откако пејачката објави мемоари наречени „Значењето на Мараја Кери“, Алисон поднесе тужба до Врховниот суд на Њујорк.

Таа тогаш побарала 1,25 милиони долари за емоционалната болка што наводно и ја предизвикала нејзината сестра. Во тужбата таа навела дека Мараја Кери во книгата упатила бројни обвиненија против неа, и дека нема докази за нив. Тука спаѓаат наводите дека Алисон ја малтретирала Мараја, фрлала топла вода врз неа, предизвикувајќи изгореници од трет степен, ѝ дала валиум и се обидела да ја подведува.

Scroll to Top