(Видео) Шекил О’нил му посвети песна на Дражен Петровиќ

Поранешната НБА ѕвезда Шекил О’нил во едно од своите последни интервјуа за хрватските медиуми открива дека му посветил стих на еден од најдобрите кошаркари во историјата Дражен Петровиќ. Легендарниот Шек, покрај кошарката е познат и по тоа што ја обожава музиката и е познат диџеј.

„Дражен беше еден од најдобрите кошаркари на теренот. Точно е дека му посветив стих во една од моите песни, I want to shoot like Petro“, вели О’нил.

Поранешниот кошаркар летово мина неколку дена во Хрватска, земја за која вели дека има само пофални зборови. Тој вели дека Хрватска е убава земја и дека тука лудо се забавува овие неколку дена. НБА легендата смета дека од Балканот потекнуваат најдобрите Европски кошаркари кои некогаш играле во американската професионална лига.

„Знам дека од тука доаѓаат најдобрите Европјани кои некогаш играле во НБА лигата. Меѓу нив беа Дражен Петровиќ, Тони Кукоч и Дино Раџа. Сите ми зададоа многу маки на теренот. Знам дека од вашата земја и државите кои ве опкружуваат, доаѓаат доста добри кошаркари. А доаѓа и еден за кој немате слушнато, Ониловиќ“, вели Шек.

„Да, точно е. Еднаш погодив 12 слободни фрлања по ред, нешто што не беше моја специјалност. Па им реков на останатите на терен од тој момент да ме викаат Ониловиќ“, вели Онил.

Поранешниот кошаркар вели дека досега не слушнал на некој кошаркар презимето да му завршува на иќ, а да не е добар шутер. Сите во НБА лигата кои доаѓаа од Хрватска, Србија, Црна Гора или Босна се добри шутери, смета Шек.

„Кога дојдов во НБА светот, не бев некој шутер, а Дражен даваше кошеви како луд во дресот на „Нетс“ На повеќето д нив презимињата им завршуваат на „иќ“. А Дражен беше првиот кој го забележав. Еднаш го видов како дава 52 коша со невидена леснотија. Поради тоа го обожавав“, се присетува Шекил.

„Дражен беше еден од најдобрите. Една работа ме фасцинира премногу. Тука сум веќе неколку дена. Прошетав низ многу градови, но никаде не забележав терени и кошеви, ниту пак деца како шутираат. Каде вие вежбате да шутирате“, се зачудил О’нил.

Популарниот Шек отсекогаш бил мета на обожаватели и новинари, а за разлика од останатите светски ѕвезди, како од светот на спортот, така и шоубизнисот, тој никогаш не бегал од камерите и микрофонот. Во целиот тој циркус кој владе околу него, Шек секогаш оставал дојам на пристоен човек кој има време за сè. Интервју, селфи, автограми.

Scroll to Top