(Видео) Шекил О’Нил се журкаше на фестивал во Белгија

Поранешната НБА-ѕвезда Шекил О’Нил бил снимен како танцува во првите редови на популарниот „Тумороуленд“ фестивал во Белгија. Кошаркарот кој е во пензија го привлече вниманието на публиката, а на социјалните мрежи доби голем број пофални коментари за своето играње.

„Ова е најдоброто видео кое сум го видел во 2019 година“, напишал еден од фановите на „Твитер“.

Шек сега работи како спортски коментатор, но вели дека ја обожава и музиката. Тој гради кариера на музичар и е познат како диџеј Дизел. Вели дека се занимава со разни работи, но најмногу е познат по коментаторската работа на „ТНТ“ телевизијата. Тој често ги засмејува верните НБА-фанови со својата забавна емисија која ја има во „ЕСПН“

Фановите се шегуваат дека диџеј Дизел, со 216 сантиметри и 147 килограми е најголемиот во светот.

Кошаркарот беше и во Хрватска во градот Задар, каде на аеродромот делеше автограми и се фотографираше со своите фанови, а со доброто расположение продолжи и на фестивалот во Белгија.

„Ги сакам фестивалоте, а во мојата музика најмногу има хип-хоп и дапстер. Мене ми е важен налетот на адреналин кај публиката. Кога одиш на фестивал, тие таму сакаат да видат само извонреден настап. Јас само им давам одлична музика и забава“, вели О’Нил.

Scroll to Top