(Видео) Што посака Новак Ѓоковиќ за Божиќ и Нова Година

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им го честиташе Божиќ на сите кои го прославија 25 декември.

Ѓоковиќ и неговото семејство, во согласност со православните обичаи, го слават Божиќ на 7 јануари, но Новак објави специјално видео за своите пријатели кои го прават тоа на 25 декември.

„Среќен Божиќ на сите што слават денес. Ви посакувам и среќна Нова година која доаѓа за неколку дена. Се надевам дека сите ваши соништа ќе се остварат. Лично, сакам помирен свет, свет со повеќе разбирање, љубов и сочувство. Се надевам дека ќе имаме прекрасни тениски моменти ширум светот. Одиме во новата 2024 година. Се најдобро“, изјави Ѓоковиќ.

Зборовите на Новак имаат посебна тежина поради целокупната ситуација во светот, а тенисерот го чека средба со Карлос Алкараз во Ријад, а потоа и Јунајтед Купот во Австралија и загревањето за Австралија опен, каде ќе ја брани титулата освоена во 2023 година.

Scroll to Top