(Видео) Шварценегер му рече на Путин: Ти ја започна оваа војна, ти можеш да ја завршиш

Американскиот глумец Арнолд Шварценегер објави видео во кое го замоли рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната во Украина. Глумецот им порача и на руските војници дека нивните животи ги даваат за бесмислена војна која ја осуди целиот свет.

Во деветминутното видео објавено на неговиот „Твитер“, глумецот и поранешен гувернер на Калифонија ја раскажа својата историја поврзана со Русија и рече дека силата и срцето на рускиот народ секогаш му биле инспирација.

„Ова не е војна за одбрана на Русија која ја водеа вашите дедовци и прадедовци. Ова е илегална војна“, рече Шварценегер, а потоа му се обрати и директно на Путин.

„Претседателе Путин. Ти се обраќам тебе. Ти ја започна оваа војна. Ти ја водиш оваа војна. Ти можеш да ја запреш оваа војна“, рече Шварценегер и рече дека го сака рускиот народ и дека затоа морал да ја каже вистината.

 

Scroll to Top