(Видео) Шведскиот победник на Евровизија се ожени во Хрватска

Шедскиот пејач и телевизиски презентер Манс Зелмерлоу се ожени на островот Вис со својата девојка Сиара Џенсон. Манс победи на 60-от Евросонг, а тој веќе неколку дена престојува во Хрватска.

Биле видени во Хвар, а вчера пристигнале на Вис во друштво со пријателите и семејството. Церемонијата се одржала на тврдината Св. Јураја и нивните пријатели објавија фоторафии од големата забава.

Невестата носеше едноставна бела венчаница и фризура со кадрици, додека младоженецот бил облечен во класичен темен костим и бела кошула. Манс победи на Евровизија со песната „Херои“ со 365 гласови од гледачите и жирито.

Тој е познат на јавноста од 2005 година, кога учествуваше во втората сезона на шведската верзија на „Идол“. Само една година подоцна, тој исто така победи во танцовата емисија „Ајде да танцуваме“.

Учествувал на бројни фестивали и успешно се справува во водителството.

Scroll to Top