(Видео) Сиа им ги плати сметките на сите купувачи во маркет

Пејачката Сиа е снимена во маркет како им ги плаќа сметките на сите купувачи за време на Денот на благодарноста. Таа е позната по тоа што го крие својот лик со перика и никој од минувачите не можел да ја познае. Таа се претставила како Сиси и им кажала дека има добиено на лото.

Сиа била разоткриена од нејзината обожавателка, која ја снимила со својот мобилен телефон, а подоцна видеото го објавила на социјалните мрежи.

„Сиа плати за моите намирници денес, благодарам многу! Имаш прекрасна душа и срце. Извини што открив на сите која си, но, ваквата добрина мора да добие признание“, напишала таа.

 

Scroll to Top