Синот на поранешниот англиски фудбалски капитен Дејвид Бекам Ромео не сака да продолжи по стапките на неговито татко. Ромео повеќе преферира да стане тенисер како Новак Ѓоковиќ отколку да биде познат фудбалер.
Британските медиуми пишуваат дека фудбалерот дури и одвоил 30.000 фунти за изградба на тениски терен, специјално наменет за неговиот син.
Тој заедно со неговиот татко Дејвид бил забележан на трибините за време на мечот во Лондон меѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев. .
Меѓу големиот број на познати ѕвезди на трибините, папараците своето внимание го насочиле кон поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид и неговиот син Ромео.
Славниот фудбалер како и неговиот син е голем љубител на тенисот и постојано ги следи мечевите во Лондон. Исто така познато е дека Бекам постојано се труди да ги избегне објективите, но не секогаш успева во тоа.
David and Romeo Beckham are ready for the Finals, are you? 🙌#NittoATPFinals pic.twitter.com/p4C5HFaguA
— ATP World Tour (@ATPWorldTour) November 18, 2018