(Видео) Синот на Рос призна дека бил заљубен во Рејчел во серијата „Пријатели“

Момчето кое го глумеше синот на Рос Гелер (Дејвид Швимер), Бен (Кол Спроуз), во популарната хумористична серија „Пријатели“, откри дека бил заљубен во Рејчел, девојката која ја глумеше Џенифер Анистон.

Кол кој денеска има 26 години во интервју за емисијата на Стивен Колберт, The Late Show with Stephen Colbert, му призна на домаќинот дека бил заљубен во Џенифер Анистон кога имал само осум години.

„Се сеќавам дека бев обземен со чувство дека сум го заборавил секој збор кој треба да го изговорам. Таа само стоеше и гледаше во мене и чекаше да продолжиме со снимањето“, изјавил Кол и додал дека еден од камерманите уште тогаш открил дека Бен бил заљубен во Анистон.

 

 

Scroll to Top