(Видео) Сите херои на едно место, Сталоне се забавуваше со глумците од Expendables

Славниот холивудски глумец, Силвестер Сталоне, објави видео селфи со своите славни колеги. Во видеото покрај него се најдоа, Арнолд Шварценгер, Мел Гибсон, Џејсон Стејтам, Весли Снајпс, Харисон Форд, Антонио Бандерас и други.

Со сите нив Сталоне го снимаше акциониот трилер „The Expendables“.

Сите се забавуваа и позираа за време на снимањето. Неговиот кадар доби епитет на „најголемото селфи во историјата на селфињата“.

„Екипа каква никаде нема. Ќе ми недостига оваа група на луѓе“, напиша глумецот под видеото, кое доби речиси 3 милиони прегледи за помалку од 24 часа.

„Погледнете ја оваа група, најголемото селфи на светот“, изјавил Сталоне на снимката, а многумина му коментираа дека е во право, со оглед на количината на мускули, килажа, шармантност, но и слава, па ретко кој може да им парира.

„Легенда до легенда. Какво селфи, момци продолжете да удирате. Буквално најсилното селфи во историјата. Многу легендарни глумци во една објава, без конкуренција. Најсилните луѓе на светот. Момци одлично изгледате“, биле само некои од коментарите на фановите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by #Silvester (@silvester_stallone_1946)

Scroll to Top