(Видео) Скандал на избор за мис: На убавицата ѝ ја зедоа круната оти била разведена

By

Чудна и несекојдневна ситуација се случи на неодамнешниот изборот за мис на Шри Ланка – непосредно по прогласувањето на актуелната убавица, круната веднаш ѝ беше одземена, откако било откриено дека е разведена, што е спротивно на пропозициите.

Пушпика де Силва била прогласена за најубава жена во островската држава, на гламурозната свеченост пренесувана во живо на државната телевизија. Но, скандалот со натегањето околу титулата го засени спектаклот.

Само неколку секунди траеше радоста на Де Силва, пред ланската победничка на изборот да го земе микрофонот и да објави дека титулата ѝ се одзема поради прекршување на правилата и оти за мис на Шри Ланка ќе биде прогласена првата придружничка.

По ова следеа моменти кои се по малку мачни за гледање, во кои неколку натпреварувачки се обидуваа да ѝ ја извадат круната од косата на посрамената и непишана убавица.

Таа набрзина ја напушти сцената, а подоцна напиша дека морала да оди во болница поради повредите со кои се здобила додека ѝ ја вадела круната.

„Ова е историски момент за мене како слободна жена, кога жените и мажите ширум светот го креваат гласот против поделбите од каков било вид. Љубовта која ја добивам од сите вас ми дава голема сила. Јас не сум разведена жена. Ова го кажувам со голема одговорност – додека го пишувам ова, јас не сум разведена жена. Сè уште ги чекам документите за разводот. Не криев од светот дека сум сама со дете. Имам и лични причини за тоа. Но, да се биде раздвоена од мажот е едно, а да се биде разведена е друго. Ја сè уште сум неразведена жена“, напиша Де Силва на Фејсбук.

Ќе ви се допадне

Watch One Piece (Dub) Episode 671 at GoGoAnime the daily life of the immortal king gogoanime

A Silent Voice (https://animefreak.ws/m/dKza) Episode Full at AnimeFreak anime