(Видео) Снимка од Вилијам и Кејт како танцуваат пред брак стана хит на Тик Ток

Видео од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон направена од времето пред да се земат, стана хит на Тик Ток. Двајцата биле снимени во деведесетите како се забавуваат во ноќен клуб со пријателите.

Некои од фановите коментираат дека биле пијани, а други ги пофалија за изгледот и дека знаеле како да се забавуваат додека се млади.

@danideeeee1 party hard 😅 like normal young people 😊 #katemiddleton #princewilliam #duchessofcambridge #dukeofcambridge #royalfamily #fyp #royal #party ♬ Hard Times – Paramore

„Колку е само фотогенична Кејт. Ова се најлошите фотографии од неа, а таа пак изгледа како божица. Како никогаш да не остарела. Мислев дека никогаш не се забавуваат“, коментирале некои од фановите.

За потсетување, Кејт и Вилијам се запознаа во 2002 година, додека студираа на Универзитетот Ендрус во Шкотска. Иако во 2007 година кратко време се разделија, тие повторно се смирија, а Вилијам ја запроси во 2010 година. Следната 2011 се венчаа.

„Кога првпат ја запознав, знаев дека има нешто многу посебно во врска со неа. Знаев дека постои нешто што сакам да го истражам. На крајот одлучивме да бидеме пријатели. Тоа беше добар темел на нашата врска. Сега искрено верувам дека меѓусебното пријателство е огромна предност“, рече Вилијам во интервју по нивната свршувачка во 2010 година.

Scroll to Top