(Видео) Танцувањето со ќерката измами насмевка кај Брус Вилис

Ема Хеминг Вилис ојбави видео од сопругот Брус Вилис и нивната ќекра Мабел Реј како играат. Додека Мабел се движи напред-назад, Брус ја следи. На видеото глумецот изгледа среќно и е во форма иако од неодамна му беше дијагностицирана афазија.

„Колку е убаво да те видиме насмеан и среќен. Одлични сте. Веднаш ни се стоплија срцата“, му напишаа фановите.

За потсетување, семејството на Вилис неодамна објави дека глумецот боледува од афазија, болест што го напаѓа мозочниот центар задолжен за говор. Поради болеста, Вилис имаше тешкотии во разбирањето, изразувањето, читањето и во пишувањето.

„Болеста е причина зошто Вилис ја напушти глумата, која многу му значеше“, напиша ќерка му Румер Вилис. Освен неа, Вилис има уште четири ќерки од неговите поранешни сопруги Ема и глумицата Деми Мур.

Сите што работеа со актерот во последните години забележаа дека име проблеми со читањето и изговорот на текстот. Некое време се пишуваше дека Брус го заборава текстот и понекогаш се губи, но тогаш сè уште не се знаеше дека има афазија.

Многумина се изненадија што во последните години играше во нискобуџетски филмови, кои не постигнаа значителен успех ниту кај публиката ниту кај критичарите. Филмаџиите, пак, имаа тешкотии да го гледаат глумецот како не може да ги запомни и на наједноставните реченици.

Scroll to Top