(Видео) Таткото на Меган Маркл ја моли да си ги види внуците

Томас Маркл, таткото на Меган, во интервју за емисијата „Добро утро, Британијо“ рече дека тој и ќерка му треба да разговараат и да се смират поради децата. Томас вели дека сѐ уште не ги запознал своите внуци Арчи и Лилибет, па јавно ја молеше ќерка си да му дозволи да ги види.

„Децата имаат две семејства што ги сакаат. Нивната прабаба е кралицата на Англија, но мислам дека е важно да знаат дека имаат уште едно семејство. На крајот, тие ќе пораснат и ќе сакаат да знам повеќе за нив. Меган мора да ми дозволи да си ги видам внуците“, вели тој во емисијата.

Томас рече и дека Меган сака да престане да зборува со своите полусестра и полубрат и дека за сето тоа е виновен мажот ѝ.

„Никогаш порано не била таква. Но, откога се омажи за Хари, таа се промени“, додал тој.

За потсетување, Томас се разведе од мајката на Меган, Дорија Рагланд, пред повеќе од 30 години. Тој не присуствуваше на венчавката на својата ќерка по открицањето дека се согласил да им даде фотографии од папараците и јавно откриваше тајни од животот на својата ќерка. Томас подоцна изјави дека причината за согласувањето да продаде фотографии од свадбата била операција на срцето за која немал пари. Меган го прекина контактот со него набргу по венчавката.

Scroll to Top