Британската премиерка, Тереза Меј, се забавуваше на музичкиот фестивал „Хенли“ во Лондон. Таа се изнаигра на песните од шведската група „АББА“. Најмногу ќеф ѝ направија „Денсинг квин“ и „Мама миа“.
Меј дојде на фестивалот заедно со сопругот и пријателите, а седеа во кралската ложа. Според британскиот весник „Мирор„, едно шише шампањ во ложата чинело 90 фунти.