(Видео) Толкувачка на знаковен јазик стана хит на социјалните мрежи со песните на Ријана

Толкувачката на знаковен јазик Џастина Мајлс за време на полувремето од најгледаниот спортски настан во САД, Суперболот стана хит на социјалните мрежи. Таа ги толкуваше стиховите од песните на Ријана на американски знаковен јазик, додека уживаше и танцуваше на настапот.

Гледачите со мобилните телефони го забележаа овој момент, а видеото се прошири на социјалните мрежи.

„Уживав додека ја гледам оваа жена како изведува знаковен јазик за песните на Ријана на Супербол. Изгледаше дека одлично се забавува, а се вика Џастина Мајлс“, напиша американскиот новинар на својот Твитер профил.

„Ми се допаѓа ова. Толкувачот на знаковен јазик на Супербол се забавува како никогаш досега“, напиша корисникот на социјалната мрежа.

Некои од гледачите коментираат и дека нивните очи повеќе биле свртени кон толкувачот отколку кон Ријана за време на полувремето на Супербол.

По петгодишна пауза од концертите, Ријана се врати на големата сцена и со настап ги забавуваше многубројните гледачи на полувремето од најгледаниот спортски настан во САД, Суперболот. Иако пејачката немаше гостин изведувач со себе на сцената, дел од публиката се забавуваше со толкувачката на знаковен јазик.

Scroll to Top