Велшкиот музичар Том Џонс сними нова песна на 80 години, Talking Reality Television Blueѕ. Иако многумина сметаат дека на таа возраст гасот слабее, критичарите веднаш напишаа дека Џонс и во деветттата деценија звучи одлично, и покрај тоа што рецитира, а не пее.
Новата песна на славниот пејач е на еден вид критика на денешното општество, а за неа е снимен и спот. Песната е во друг музички стил, не специфичен за него, но сепак ослично му прилега, пренесува „Хедлајнер“. Фановите, пак, сметаат дека новата песна потсетува на песна на групата „Рејдиохед“.
„Можеби грешам и мислам дека некој е обожавател на Рејдиохед”, „Сер Том Џонс не се плаши да влезе во кој било музички жанр. Ми се допаѓа”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.