Американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија пристингаа во Велика Британија, каде имаа средба со кралицата Елизабета II и Принцот Чарлс. По церемонијата во Бакингемската палата четворицата го испија традиционалниот англиски чај. Тема на разговорот била заминувањето на Тереза Меј од премиерското место.
За вечер предвиден свечен државен банкет. Во рамки на посетата, Трамп ќе учествува на комеморацијата на Нормандиските-американски гробишта во Франција, како и на други комеморативни собири кои ќе бидат одржани на двете страни од каналот Ламанш.
Планирана е и посета на американскиот претседател на Ирска. Пред да пристигне во Лондон Трамп го критикуваше градоначалникот Садик Кан, со кого и претходно имал вербални конфликти.
….Kahn reminds me very much of our very dumb and incompetent Mayor of NYC, de Blasio, who has also done a terrible job – only half his height. In any event, I look forward to being a great friend to the United Kingdom, and am looking very much forward to my visit. Landing now!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 3, 2019
Трамп на „Твитер“ напишал порака дека Кан е вистински губитник, но дека сепак се радува на посетата на Лондон. Лондонскиот градоначалник претходно изјавил дека градот не треба да организира свечен пречек и да става црвен тепих за американскиот претседател.
US President Donald Trump arrives in UK for three-day state visit
Follow latest updates: https://t.co/4zaqzAiNZz #TrumpUKVisit pic.twitter.com/7LSJrnlaeZ
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) June 3, 2019
За време на посетата на Трамп планирани се и средби со високи официјални лица во Велика Британија, вклучувајќи ги градовите Лондон, Манчестер, Белфаст и Бирмингем, пренесува „Би-Би-Си“.