Бејзбол ѕвездата Алекс Родригез, ја снимаше својата вереница, латино ѕвездата Џенифер Лопез, додека танцува покрај базенот. Во прв план беше нејзиниот затегнат задник осигуран на 27 милиони долари. Ритамот ја понесе Лопез која ја покажа својата умешност во танцување.
Лопез беше облечена во црни хеланки, која е нејзина омилена спортска комбинација. Косата и беше собрана во пунџа и не беше нашминкана. Но, и во природно издание, пејачката е една од најубавите со најнегувани лица, пишуваат светските медиуми.
Родригез ја сними само неколку секунди, но доволно за да фановите уживаат.