Една од најпознатите двојки од јавната сцена – Викторија и Дејвид Бекам работат на документарната серија „Бекамови“ на Нетфликс, што ќе понуди познати и непознати подобности од нивниот живот. Викторија, по тој повод, раскажува како се запознале.
Викторија и Дејвид Бекам првпат се сретнале далечната 1997 година, а познатата дизајнерка не крие дека често одела на фудбалски натпревари за да го запознае својот иден сопруг.
Првата средба се случила на хуманитарен натпревар.
– Кога го видов во салата за фудбалери, сите останати играчи беа во барот, а тој стоеше и разговараше со родителите. Јас сум многу блиска со моето семејство и ми се допадна таа негова страна, додаде таа, пренесува „Дејли мејл“.
Поради советите на колегите, тие првично ја криеле својата љубов, па иако не е толку глупаво како што звучи, Викторија признава оти се среќавале и на паркинзи. По две години, врската ја крунисаа со брак, но неговото семејство не било најсреќно поради неговата одлука да се ожени на 24 години.
И покрај заедничкиот живот двајцата не ги запоставија своите кариери, туку наишле на поддршка еден во друг.
Премиерата на серијата се очекува на почетокот на октомври.