Том Хенкс и Рита Вилсон се позитивни на коронавирусот, со кој најверојатно се заразиле за време на снимање во Австралија. Нивните синови Чет и Колин постојано ја известуваат јавноста за состојбата на родителите.
Чет, кој има 29 години, се обрати преку видео, потврдувајќи дека неговите родители се заразени со коронавирус:
„Вистина е, имаат коронавирус. Лудо, нели? Во Австралија се, татко ми снимаше таму. Штотуку разговаравме, добри се, немаат симптоми, не се загрижени, не паничат, но мора да се заштитат. Но, мислам дека нема простор за паника“, соопшти тој, заблагодарувајќи се на грижата.
Кратко потоа неговиот брат Колин се обрати преку социјалните мрежи:
„Благодариме на поддршката. Моите родители добиваат одлична грижа во Австралија и се чувствуваат добро, со оглед на околностите. Се немам видено со нив повеќе од три недели, но постојано се слушаме и знам дека ќе бидат добро“, напишал Колин.
Синовите на познатиот пар ветија дека ќе ја известуваат јавноста навремено за состојбата на своите родители.
Tom Hanks and Wife Rita Wilson have tested positive for coronavirus. pic.twitter.com/z5V5aWTsx7
— Pop Crave (@PopCrave) March 12, 2020