(Видео) Водителите и довикуваа на Мерил Стрип на концерт, нејзината реакција стана вирална

„Saturday Night Live“, една од омилените ТВ емисии во Америка, го прослави својот 50-ти роденден.

Прославата започна со концерт во Radio City Music Hall на Денот на вљубените. На концертот кој се пренесуваше на телевизија присуствуваа мноштво познати личности, а на сцената покрај песните имаше и шеги, како што доликува на СНЛ. Еден момент од шоуто стана вирален.

Водителот Вил Ферел и Ана Гастиер ја повикаа 75-годишната актерка Мерил Стип, која седеше во публиката покрај Мартин Шорт, откако рекоа дека „некој“ ги задева луѓето за време на концертот.

„Зборуваме за тебе, Мерил Стрип“, рече Гастиер додека камерата се насочуваше кон познатата актерка. Таа го крена средниот прст кон камерата, а публиката се насмеа.

Scroll to Top