(Видео) Вупи Голдберг го исмева Трамп: „На Елон му треба кеш, ако сакаш да купиш Тесла, јави му се“

Вупи Голдберг премиерно изведе нова песна инспирирана од неочекуваниот потег на Трамп за поддршка на Илон Маск во епизода на The View.

На самиот почеток на шоуто, првата „жешка тема“ беше одлуката на Трамп да продава „Тесла“ на тревникот во Белата куќа, со што јавно ја покажа поддршката за Маск, чија компанија се соочува со опаѓање на продажбата и вредноста на акциите.

Голдберг објави видео во кое Трамп покажува „Тесла“, фалејќи се дека ја платил по полна цена, а дури и Питер Дуси од „Фокс њуз“ прашува како Американците кои се борат со финансиски проблеми ќе го сфатат овој потег.

Како што резимира Голдберг: „Додека растат економските стравови и Американците се грижат за својата финансиска иднина, вчера пред Белата куќа се одржа добротворна приредба за најбогатиот човек на светот“.

Голдберг потоа, заедно со другите водители, го претстави својот џингл инспириран од продажните перформанси на Трамп и Маск.

Со помош на нејзините колеги, Вупи пееше:

„Ако сакате да купите Тесла, јавете се на Илон.
Можете да го купите додека седите на тревникот во Белата куќа.
Економијата можеби паѓа, но на Елон му треба кеш.
Ако сакате да купите Тесла, јавете се на Илон!“

Scroll to Top