(Видео) Зендаја доби награда од филмските критичари за придонесот во зајакнувањето на жените во општеството

Во неделата, 7 март, се одржа 26. издание на наградите Critics Choice на Баркер Хангар, на аеродромот „Санта Моника“, во чест на најдобрите достигнувања на филмското платно во 2020 година. Настанот за доделување на наградите по избор на критичарите, како и другите филмски награди годинава, изгледаше поинаку поради пандемијата на коронавирусот.

Помеѓу добитниците се најде и американската актерка Зендаја, на која ѝ беше доделена специјалната наградата See Her. Оваа награда се доделува петти пат на жените што ги поместуваат границите, кои се борат против стереотипите и ја препознаваат важноста на автентичноста на женските ликови во индустријата на забавата.

За да ја прими наградата, актерката се јави со видеоповик.

„Поради сето она што ни се случи изминатава година, во мојата глава има само еден збор – благодарност – и за малите и за големите работи“, изјави Зендаја.

Дваесет и четиригодишната актерка апелира до јавноста да ги чува драгите личности поблиску до себе.

„Овде не би била без жените што ми го осветлија патот. Не сакам премногу да го користам овој збор, но бескрајно сум благодарна на наградата“, истакна таа.

На годинешното доделување на Critics Choice најмногу награди доби американската драма „Номадленд“, која ја доби и наградата за најдобар филм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Scroll to Top