Сопругата на холивудскиот актер Вил Смит, Џејда Пинкет Смит во интернет ријалити шоуто Red Table Talk, каде седеи на црвениот стол заедно со нејзината ќерка Вилоу, јавно откри дека имала секс во тројка.
„Тоа се случи во раните деведесети. Бев толку млада. Еднаш се случи да имам секс во тројка“, изјавила Џејда, пред нејзинат ќерка Вилоу.
Но, дел од својата интима откри и Вилоу, која вели дека од родителите научила сè за сексот, а не низ едукативен разговор. Таа вели дека имало момент кога ги затекнала нејзините родители во „акција“, а тие тоа не го забележале.
Џејда веќе претходно признала дека била зависна од порнографија пред да се омажи за глумецот. Таа отрлила дека порано сакала да „пополни некоја празнина во душата“ и дека тоа го правела така што апстинирала од секс и само гледала порнографија.
„Во еден момент сфатив дека никогаш нема да ја исполнам таа празнина, зашто порно-филмовите ги прикажуваат луѓето во лажна слика“, рекла Џејда во интервју, па додала дека и сега гледа порничи, но многу ретко.
Џејда и Вил Смит се во брак 22 години и имаат две деца, синот Џејден и ќерката Вилоу.