(Видо) Најлошо беше кога нè прашаа колку може да е темна кожата на Арчи: Хари и Меган кај Опра

Војвотката од Сасекс изјави дека ѝ било толку тешко во британското кралско семејство што во одредени моменти „не сакала да живее“.

Во многу потресно и емотивно телевизиско интервју со американската водителка Опра Винфри, Меган Маркл наведе дека никој не ѝ помагал кога барала помош.

 Таа изјави дека најлошиот момент бил кога еден од членовите на кралското семејство го прашал принцот Хари колку би можела да биде „темна“ бојата на кожата на нивниот син.

Принцот Хари откри дека неговиот татко, принцот Чарлс, престанал да му се јавува на телефон кога тој објавил дека се повлекува од своите должности во кралското семејство.

Долгоочекуваното интервју со Хари и Меган беше емитувано во Америка ноќта помеѓу недела и понеделник.

За време на двочасовното интервју на телевизијата Си-би-ес, што ќе се емитува во Велика Британија во понеделник навечер, парот одговори на голем број прашања – за расизмот, менталното здравје, како и односите со медиумите и членовите на кралското семејство.

Двојката чека уште едно дете, Меган ќе се породи на лето, а во интервјуто откриваат дека очекуваат девојче.

Принцот Хари и Меган се преселија во Калифорнија во март 2020 година откако објавија дека се повлекуваат од сите должности во кралското семејство.

Scroll to Top