Видов само голем нос и златен часовник на раката- Хелена Сегер за првата средба со Златан Ибрахимовиќ

Шведскиот фудбалер со босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, повеќе од дваесет години е во љубовна врска со поранешната манекенка Хелена Сегер. Се запознале кога тој имал 21 година, а таа 32. За Хелена тоа не била љубов на прв поглед. Се сретнале на улица и тој воопшто не ѝ се допаднал, ни физички, ни неговиот надмен став.

„Видов само голем нос и златен часовник на раката“, се сеќава Хелена на првата средба со фудбалерот.

„Кога го запознав Златан имав 32 години. Имав богатство и кариера, не ми требаше фудбалер за да ме нахрани. Бев независна. Тој не беше ни мој тип. Кога го видов првпат, тој го блокираше мојот мерцедес на паркингот во Малме со своето ферари. Всушност, видов само голем нос и златен часовник. Бидејќи бев лошо расположена, му се развикав. Му реков да го помести автомобилот прилично грубо. Мислам дека не му се допадна“, раскажа неодамна Хелена за италијанските медиуми.

Таа откри и дека никогаш не се венчале, и покрај тоа што имаат две деца, Максимилијан и Винсент.

„Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Работев напорно за да стекнам сè што имам. Се откажав од многу работи, се борев за себе. Мислам дека бракот може да го наруши моето чувство за независност. Не е лесно да се живее со него, но, верувајте ми, не му е лесно ниту нему со мене“, вели таа.

Хелена е постара 11 години, но разликата во години воопшто не им пречи. „Не ми е јасно што прави вака паметна жена со манијак како мене“, рече на шега Златан пред неколку години и додаде дека не може да си го замисли денот без да помине неколку часа со неа.

„Само таа ме разбира. Можеме да зборуваме за се“, вели тој.

Хелена постојано е со Златан, освен на ретките патувања со клубот или репрезентацијата, на кои не оди. Откако ја заврши успешната модна кариера, таа се посвети на фудбалот и ги води повеќето бизниси на Златан, меѓу кои и договорите со спонзорите.

 

 

Scroll to Top