(Виедо) Лејди Гага падна од сцената

При синоќешниот настап во Лас Вегас, славната пејачка  Лејди Гага падна од сцената заедно со случајно одбраниот помошник од публиката.

Таа повика еден од своите редовни посетители на настапите. Потоа, пеејќи, му се закачи на телото и го обви со  нозете околу половината, па по кратко време и двајцата паднаа од работ на бината.

Според очевидци, се чини, пејачката го извлекла подебелиот крај, затоа што таа падна на грб, а нејзиниот партнер врз неа. Сепак, никој не бил посериозно повреден, а Лејди Гага продолжила со настапот.

Scroll to Top