Викторија Бекам се кае поради силиконите, а Анистон е горда на носот

By

Викторија Бекам, Бритни Спирс, Џенифер Анистон, се дел од познатите холивудски ѕвезди кои велат дека не се плашат да зборуваат отворено за естетските зафати кои ги направиле во минатото. Тие велат дека не се срамат од тоа и дека внимавале да не претераат со промените на своето тело и лице.

dobivaj vesti na viber

Бритни Спирс

Пејачката Бритни Спирс не крие дека има свој пластичен хирург. Но, таа истканува дека досега само ставила филери на усните и дека нејзина желба било само да проба како ќе и стојат.

Викторија Бекам

Поранешната членка на британската музичка група „Спајс грлс“, признала дека направила силиконски импланти во своите гради, додека била дел од познатиот британски состав. Бекам вели дека се кае поради ваквата одлука и не им препорачува на младите девојки да ги менуваат своите тела, само затоа што тоа е во мода.

Тајра Бенкс

Познатиот супермодел во својата книга признала дека на почетокот на својата кариера направила интервенција на носот. Тајра вели и дека не крие тоа што често носи перика.

Гвинет Палтроу

Иако актерката признава дека во животот имала пробано сè, освен хируршка операција, таа истакнува дека нема ништо против тоа еден ден да биде подложна на операција. Гвинет додава дека пробала ботокс и дека била исплашена од нејзиниот нов изглед.

Џенифер Анистон

Џенифер Анистон вели дека сега изгледа различно во споредба со нејзините стари фотографии. Анистон вели дека е горда на нејзиниот нос, кој е сега поинаков. Таа не крие дека направила операција само на носната шуплина.

Робин Рајт

Робин Рајт во едно свое интервју открила дека редовно посетува пластичен хирург. Двапати годишно вбризгува ботокс и филери и дека денес изгледа помладо од пред 10 години.

Дениз Ричардс

Актерката истакнала дека на 19 години ја направила својата прва операција и ги зголемила градите. По краток период направила уште една. Денес Дениз се кае поради таа одлука и истакнува дека доста време минала исправувајќи ги грешките во младоста.

Кортни Кокс

Ѕвездата од серијата „Пријатели“, вели дека пластичните операции и направиле големи проблеми и дека филерите и ботоксот целосно го измениле нејзиниот лик. Поради тоа естетските зафати за неа се веќе минато.

Никол Кидман

Медиумите ширум светот често ја обвинуваат Никол дека претерала со естетските зафати, од зголемувањето на градите до вештачки заби. Но, познатата оскаровка признава дека само вбризгува ботокс и ништо повеќе од тоа.

 

 

Ќе ви се допадне