„Викторија Сикрет“ е откажана за годинава, тврди Ирина Шајк

Светскиот модел Ирина Шајк изјавила дека модната ревија на „Викторија Сикрет“ нема да се одржи годинава.

dobivaj vesti na viber

„За жал шоуто на „Викторија Сикрет, нема да се случи оваа година. Ќе биде откажано“, изјавила Шајк за „Дејли Телеграф“.

„Не сум сигурна, но се случува нешто. Секоја година во овој период јас тренирам како ангел. Но, сигурна сум дека во иднина ќе се случи нешто. Сигурна сум дека организаторите се обидуваат да работат на подобрување на брендот. Откриваат нови патишта за шоуто, затоа што тоа е најдоброто во светот“, изјавила Шајк.

Светскиот модел многупати низ годините се има прошетано низ модните писти. „Викторија Сикрет“ шоуто се случува уште од 1995 година, а во мај годинава, брендот најави дека истото повеќе нема телевизиски да биде покриено. Ваквите вести се појавија по неколкуте контроверзни коментари од организаторите.

 

 

Scroll to Top