Вил Смит ќе снима продолжение на „Принцот од Бел Ер“

Актерот Вил Смит ќе снима продолжение на популарната хумористична серија во деведесетите години „Принцот од Бел Ер“. Целиот проект ќе биде во изведба на Вил Смит и неговата сопруга Џејда.

Двајцата основаа свое сопствено студио „Вестбрук“ каде ќе го снимаат продолжението на серијата. Првата епизода од хумористичната серија беше прикажана 1990 година на Ен-Bи-Sи мрежата.

Покрај снимањето на серијата Вил Смит изминатиот период работеше на снимањата на анимираниот филм „Шпиунажа и камуфлажа“, анимиран филм на кој работеше компанијата Blye Sky и „Лоши момци 3“ кој премиерно ќе се прикажува во 2020 година.

 

 

Scroll to Top