Вил Смит признал дека еднаш во животот размислувал за самоубиство. Веста ја споделиле светските медиуми откако излезе најавата за документарецот под називот „Will Smith: The Best Shape of My Life“ во соработка со платформата „Јутјуб“.
Во една сцена во најавата Смит седи со семејството на маса, вклучувајќи ги трите деца и им признава дека во минатото размислувал да си го одземе животот.
„Тоа беше единствен пат во животот да размислувам за самоубиство“, рекол Смит.
Смит во фитнес-документарецот од шест делови на гледачите ќе им го покаже својот физички и ментален напредок.
Со приказ на самиот тренинг, документарецот опфаќа разговор со физичките, емоционалните и менталните пречки со кои актерот се соочил, кога се трудел да се врати во форма по 50-тата година.
Премиерно документарецот ќе биде прикажан на 8 ноември.