Вилијам добил ултиматум да се ожени со Кејт

Принцот Вилијам во периодот кога бил офицер добил ултиматум од војската да ја ожени Кејт Мидлтон, во спротивно морал да ја напушти војската. Ова го открива извор близок до кралското семејство, кој објаснува дека така налагале британските закони.

„Британските војници не смеат да ги носат девојките во воените бази. Посетата е дозволена само за сопругите. Сите војници кои живееле во тој период со девојките мораа да прават неколкумесечна пауза во нивните врски, ако сакаа да го отслужат воениот рок. Ништо поинаку не беше за принцот Вилијам“, открива изворот.

Како воен офицер, Вилијам тогаш бил во недоумица дали да ја земе Кејт или да продолжи како офицер. Принцот знаел дека  на сите во кралското семејство ќе им биде полесно ако ја земе Кејт за жена.

„Како војнички офицер, Вилијам од војската доби ултиматум да се ожени со Кејт. Тие му го одбија барањето да живее со неа. На Кејт не ѝ беше дозволено да патува со Вилијам на отслужувањето воен рок во базата ‘Бовингтон’ во Дорсет“, открива изворот.

Кралската двојка успеала да ги преживее сите искушенија. Вилијам отслужил седум години воен рок, а во 2013 година, две години по венчавката со Кејт, објавил дека ќе ја напушти војската и ќе му се посвети на семејството.

 

 

Scroll to Top