Вилијам и Хари поставија споменик на принцезата Дијана за нејзиниот 60. роденден

Принцовите Вилијам и Хари, во чест на 60. роденден на принцезата Дијана, го претставија меморијалниот споменик во палатата Кенсингтон. Скулптурата на принцезата од Велс  беше изработена по нивна нарачка. Споменикот е дело на Ијан Ранк-Бродли, кој е автор на портретот на кралицата Елизабета Втора од британските монети.

На свечената церемонија во градините на палатата, каде Дијана живеела 16 години, и која важела за нејзино омилено место, присуствуваа и нејзините две сестри и братот.

„На 60. роденден на нашата мајка, се потсетуваме на нејзините љубов, сила и карактер, особини кои ја водеа да чини добри дела низ светот, менувајќи голем број животи на подобро. Секој ден, ние посакуваме таа да беше сѐ уште со нас. Се надеваме дека оваа статуа ќе остане забележана како симбол на нејзиниот живот и значење“, стои во заедничката изјава на Вилијам и Хари.

Дајана загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

 

Scroll to Top