Вилијам и Кејт не сакаат да го гледаат документарецот за Меган и Хари

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, не сакаат да го гледаат новиот документарец за Вилијам и Меган Маркл. Тие наводно изјавиле дека никогаш нема да ја гледаат серијата.

Вилијам рече дека е насочен кон неговата иднина и работа, а не на кофликтот со брат му и неговата сопруга. Ги замоли пријателите да не реагираат на она што ќе го видат и слушнат во серијата. Серијата не сака да ја гледа ниту кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.

Извор за Sunday Times рече дека Вилијам ќе им испрати божиќни подароци на внуците Арчи и Лилибет, но дека нема да разменува подароци со Хари и Меган.

За потсетување, во првите три епизоди на новата серија на „Нетфликс“, беа објавени бројни тврдења за тоа дека може да биде нарушен угледот на кралското семејство. Од Бакингемската палата ги негираа таквите тврдења. Едно од нив беше дека Меган не била подготвена за кралски живот.

Од кралското семејство рекоа дека на Меган пред венчавката ѝ биле испратени насоки и препораки од експерти за да и помогнат во подготовките. Серијата „Хари и Меган“ за неколку дена доби статус на една од најконтроверзните некогаш снимени, а незадоволството кај гледачите можеше да се забележи и по нивните оценки и рангирања на „Фејсбук“. Така серијата на IMDb доби ниска оценка 3.2, а најавата на „Јутјуб“ е полна со негативни коментари.

Scroll to Top